Направете вкусна пита со спанаќ по рецептот на баба!

Ќе ве воодушеви со вкусот и со изгледот!

Состојки:

  • 2 јајца
  • 1/2 кг тенки кори
  • 1/2 кг спанаќ
  • 2 млади кромиди
  • 1-2 чешниња лук
  • 1 морков
  • 200 г сирење
  • сол
  • бибер
  • масло
  • 1/2 прашок за пециво
  • 100 мл јогурт

Подготовка:

Јајцата изматете ги и додадете сирење и јогурт, потоа половина прашок за пециво и сѐ тоа добро изедначете го. На масло пропржете го ситно сечканиот млад кромид и додадете го на ситно изренданиот морков и исечканиот кромид, па посолете и побиберете. Во пржениот кромид додадете фил од јајца и сирење.

Помал плех обложете со хартија за печење и во него ставете ја првата кора на дното, а ивиците на кората да бидат надвор преку плехот. На дното ставете малку фил од сирење и јајца. Раширете ја кората на масата, ставете и малку масло и премачкајте ја со 2 лажици спанаќ, свиткајте ги краевите и свиткани спуштете ја во плехот.

Истото повторете го и со втората кора па спуштете ја кај првата. Преку неа премачкајте фил од јајца. Преку неа завиткајте уште две кори, па фил и потоа и третата ставете ја одозгора и премачкајте ја со фил. Премачкајте го остатокот од филот и печете на 200 степени околу 40 минути. Сечете кога малку ќе се олади.

Добар апетит!




Коментари

коментари