Направете вкусна сникерс торта која не се пече! (РЕЦЕПТ)

Оваа торта се подготвува брзо, а комбинацијата од чоколадо и кикирики ја прави фантастична.

Состојки:

  • 300 г мелени кикирики
  • 300 г мелени кекси
  • 200-250 г масло
  • 250 г шеќер во прав
  • кесичка ванилин шеќер
  • 2 јајца
  • 200 г сечкани или дробени кикирики

Чоколаден прелив:

  • 2 шолји млеко
  • 5 лажички шеќер
  • 3 лажички какао (може и чоколадо во прав)
  • 100 г чоколадо за готвење
  • лажичка маргарин

Подготовка:

1. Мелениот кекс и мелените кикирики добро помешајте ги. Маслото и шеќерот во прав добро измешајте ги во единечна смеса, па додадете ванилин шеќер и јајца. Добро изматете да добиете крем. Со кремот и мешавината од кекс и кикирики замесете тесто. Обликувајте правоаголна торта и ставете ја во плех кој сте го подмачкале или прекриле со хартија за печење и израмнете. На површина на тортата наредете ги дробените кикирики и притиснете за да се залепат за тестото. На крај ставете го чоколадниот прелив.

2. За преливот во тенџере ставете млеко, шеќер и маргарин, па растопете на тивок оган. Тргнете го од оган и додадете чоколадо искршено на коцки. Кога ќе се стопи чоколадата и кремот ќе стане едноличен, прелијте ја тортата. По еден час или час и половина повторно прелијте ја тортата така што ќе го соберете преливот кој прелил од страната. Оставете ја тортата да се стегне преку ноќ или неколку часа во фрижидерот. Тортата можете дополнително да ја украсите со кикирики.




Коментари

коментари