Направете вкусни шпагети „Италијано“ (РЕЦЕПТ)

Италијанската кујна е позната по многубројните специјалитети во кои се вбројуваат и тестенините во комбинација со вкусни сосови и зачини. Пригответе ги овие шпагети на италијански начин и уживајте во совршениот оброк.

Состојки:

  • 500 гр мелено месо
  • 2 главици кромид
  • ловоров лист
  • 1 л сос од домати
  • хималајска сол, зачини, црн бибер, масло, оригано
  • пармезан

Подготовка:

Кромидот ситно исецкан се пропржува на масло, а потоа се додава меленото месо. По кратко време се додаваат зачините, ловоровиот лист и сосот од домати и се остава да се динста околу половина час. Во меѓувреме во друго тенџере се варат шпагетите со малку сол и масло. Откако ќе бидат готови се прелеваат со приготвениот сос. На сервираните шпагети се ренда пармезан.

Добар апетит!




Коментари

[fbcomments]