Категории

Направете здрав и вкусен медитерански веге бургер

Сигурно обожавате бургери, но ако внимавате на исхрана и вежбате сигурно не сакате да си го нарушите фитнес режимот со јадење на брза храна.

Како да уживате во бургери без да имате грижа на совест? Целосно и вкусно уживање, со внесување на хранливи состојки, може да имате со овој медитерански веге бургер, кој е лесен за правење, вкусен е и ќе ви ја задоволи потребата за бургери.

Потребни состојки:

▪ Маслиново масло

▪ 420 г. варен наут

▪ 2 чешниња мелен лук

▪ 1 јајце

▪ 1 чаша пченични трошки од леб

▪ ½ чаша крупно исечен спанаќ

▪ ½ чаша исецкан кромид

▪ 1/3 чаша мелен таан

▪ ¼  чаша сецкан свеж кориандер

▪ 2 лажици свеж сок од лимон

▪ 2 лажици маслиново масло

▪ 1 лажиче сол

▪ 1 лажиче мелен ким

▪ ½ чаша сецкани печени црвени пиперки

▪ ½ чаша дробено фета сирење

▪ ¼ чаша сецкани црни малсинки

Подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 280˚. Во голем сад за печење ставете маслиново масло.
  • Во блендер се ставаат наут, лук, јајце, спанаќ, кромид, таан, пченични трошки, сок од лимон, масло, сол, ким и кориандер. Во друг сад се меша пиперки, сирење и маслинки.
  • Смесата се дели на 6 еднакви дела и се става во сад за печење. Печете околу 40 минути се додека не се добие светло кафена боја.

Овој оброк ги има следниве хранливи материи ( 1 парче содржи ) : 380 калории, масти 19 гр. , 40.5 гр. Јаглехидрати, 10гр. Влакна, 16гр. Протеини, 746 мг. Натриум, 42 мг.  Холестерол.

 

Прегледи:
651
Објавено на:
31.10.2016