Направи го твојот живот толку прекрасен што нема да посакаш да го замениш со нечиј друг

Наместо да размислуваш за тоа со кого би го сменил својот живот, направи го твојот живот таков што не би сакал да го замениш со ничиј друг.

Престани да се интересираш кој што прави со својот живот, колку успеси доживеал, колку соништа остварил, што направил, каде отишол. Престани да го трошош своето време на нечиј туѓ живот и да  дозволуваш твоите денови и време да поминуваат нечујно а твоите соништа и желби да спијат немо. Престани да ги занемаруваш и да наоѓаш изговори зошто да не тргнеш во нивно остварување.
Староста еден ден ќе те праша што си правел целиот живот а ти ќе и одговориш дека си бил премногу зафатен со тоа што правеле другите, немој да дозволиш да го доживееш тоа.

Живеј за себе и нека целото твое внимание биде насочено само кон тебе самиот. Учи, истражувај, надградувај се. Вложувај во себеси. Стреми се да го претвориш својот живот во што поубава и повозбудлива авантура. Биди главен лик во својата приказна и држи го перото на твојата судбина.
Живеј за себе, не за другите.




Коментари

[fbcomments]