Направи простор за луѓето во твојот живот кои вистински го заслужуваат тоа

Заслужуваш да продолжиш напред.

Заслужуваш да направиш место за луѓето кои те сакаат и те туркаат напред. За оние кои те поддржуваат, те мотивираат и сакаат да те гледаат како успеваш. За оние кои би оставиле се само за да бидат покрај тебе кога ти е тешко и кога имаш потреба од нив – дури и ако поминало долго време откако слушнале еден за друг.

Заслужуваш да продолжиш напред од сето она кое те скршило. Од оние кои те излажале, те изневериле, те разочарале. Оние кои направиле да се чувствуваш како да си луд затоа што не сакале да ги признаат своите грешки никому, дури ни на себеси.

Заслужуваш да се ослободиш од темнината и да оставиш простор за нови светли денови.
Заслужуваш да ги пронајдеш оние кои те почитуваат и се грижат за тебе. Оние кои го вадат најдоброто од тебе. Заслужуваш да продолжиш напред од сите нешта кои не ти донесуваат ништо добро, од нештата кои не ти дозволуваат да пораснеш.

Заслужуваш да бидеш поддржуван, почитуван и сакан.
Заслужуваш да ги добиеш сите шанси кои ги посакуваш.

Заслужуваш да бидеш исполнет и среќен.




Коментари

[fbcomments]