Категории

Летно освежување: Овошни коцки мраз, кои ќе ви го разубават секој пијалок

Летото е топло и речиси неподносливо на моменти, затоа хридратацијата е многу важна.

Постојаното внесување на вода, природни сокови и овошје ќе ве освежи, засити и во исто време внесувате многу витамини и минерали што му се потребни на телото.

large_cropped_ice-home

Ова лето, пијалоците може да ги разубавите, естетски и по вкус, со овој едноставен трик – овошни коцки мраз. Може да ги додадете во секој пијалок, вода, сок или пак некој коктел, а подготвувањето е навистина лесно.

Подготовката е следна:

Исецкајте го овошјето на мали парчиња. Ставете вода во садот за мраз, полнејќи ги коцките до пола, додадете го овошјето, па дополнете со вода. Ставете го во замрзнувач да остои неколку саати и потоа е спремно за вашиот пијалок.

Може да правите разни комбинации со овошјето, да ставите нане или босилек, за посвежа арома.

extra_large_berry-cubes extra_large_Berry-Ice-Cubes extra_large_Ice-Cubes

 

Прегледи:
44
Објавено на:
03.07.2016