Направи сам: Украсни шолји со лак за нокти

Овие уникатни шолји со мермерни шари можете да ги направите и самите – потребно ви е само малку топка вода, бели керамички шолји и лак за нокти.

Материјал
-Керамички шолји во бела боја
-Топла вода
-Сад со големина доволна за да ја натопите шолјата (не смеете подоцна да го користите за чување храна)
-Дрвена чечкалица
-Лакови за нокти во неколку бои (по ваш избор)

Како да ги направите:

Чекор 1
Наполнете го садот со топла вода. Посипете малку од лакот за нокти по површината. Лакот не треба да се рашири по површината на водата. Ако лакот потоне во водата, веројатно го сипате од голема височина.

Чекор 2
Со брзи покрети со помош на стапче или чечкалица промешајте го лакот за да се разбијат концентрираните грутки.

Чекор 3
Кога лакот че се распространи по површината, лесно макнете ја чашата во водата. Избенувајте го само делот каде што се користи за пиење за да избегнете лакот да дојде до допир со устата.
Брзо извадете ја шолјата и ставете ја на хартија да се исуши.

Чекор 4
Ако сакате да украсувате и понатаму, со помош на стапче или чечкалица отстранете го преостанатиот лак од водата за да не се залепи на следната шолја.
Важно е да работите брзо веднаш откако ќе го сипете лакот на површината на водата, затоа што тој брзо се стврднува и станува грутчест.

Како да мешате бои
Бидејќи брзината е важна, ве советуваме да не користите повеќе од 3 бои на лак.

Сипете ги 3 бои една по друга и брзо промешајте со помош на стапчете и потопете ја шолјата.

Другиот начин на комбинирање повеќе бои кој не бара толкава брзина е, едноставно да почекате шолјата со нанесената прва боја да се исуши добро, а потоа да го повторите истиот процес само со различна боја.

Како да ги поправите грешките
Доколку не и се допаѓа некој дел од изледот, можете да го избришете со помош на парче памук или вата натопен во ацетон или отстранувач на лак за нокти. Исто така можете да ја избришете целата шолја и да почнете од почеток

Внимание
Овие чаши не смеете да ги перете во машина за перење садови нити да ги ставате во микробранова. Перете ги рачно но внимателно.




Коментари

[fbcomments]