Направи сам: Украсни свеќи за Денот на вљубените

Денот на вљубените е одлична прилика да направите некои прекрасни декорации како овие свеќи украсени со светки

Денот на Св. Валентин, познат како Денот на вљубените е празник кој се слави на 14 февруари секоја година. Освен на запад, овој ден го одбележува и Православната црква, и тоа како празник на Св. Трифун, заштитник на виновата лоза и виното.

Св.Трифун е роден во село Кампсада во Фригија. Живеел во третиот век после Христос, бил негов голем следбеник, но живел во сиромаштија. Чувал гуски кај богатите луѓе и така заработувал за леб.
За него се поврзува легендата дека ја излекувал ќерката на римскиот император Гардијан од лошите духови, и дека бил награден со големо богатство, но го поделил на сиромашните и продолжил да живее скромен живот.

Како да ги изработите овие свеќи со светки

Потребен материјал:

-Украсни свеќи
-Сликарска четка
-Бело лепило
-Розови или црвени светки (бојата може да биде и некоја друга по ваша желба)

Чекор 1
Нанесете лепак на страните на украсните свеќи. Страните најчесто се пластички па така лепилото може да се нанеселе многу лесно и лесно се задржува.

Чекор 2
Ставете ги во мал сад светките и потопете ја свеќата во нив неколку пати. После тоа ставете ја на хартија и оставете да се исуши. Повторете ја постапката со останатите свеќи.

Свеќите се готови.
Доколку сакате можете да екпериментирате и со светки во други бои и да направите разни комбинации. Бидејќи постапката е лесна, во неа можат да учествуваат и деца.




Коментари

[fbcomments]