Направи сам: Ѕидна ламба која ќе го осветли и збогати просторот (ВИДЕО)

Ако сакате да ги осветлите терасата или ентериерот на вашиот дом, можете многу лесно да направите ѕидна лампа на многу ефтин начин.

Ѕидните лампи се сјаен начин да осветлите одредени делови од домот и да направите вашата тераса или ентериер да изгледаат модерно. А, ѕидна лампа можете да направите и сами.
Се што ви е потребно се 2 сијалици за розетни, цевка за водоинсталација и црн спреј. Потребно е да пронајдете ПВЦ цевка која ќе има мала додатна цевка на средината. Тоа лесно можете да го најдете во продавниците за водовод. Малата цевка ќе ви служи како држач кој ќе го ставите на ѕид, додека горниот и долниот отвор на големата цевка ќе ви служат како место каде ќе ги ставите сијалиците.
Сијалиците ставете ги во цевката и залепете ги со лепак за да останат на местото. Внимавајте отворот на цевката да биде соодветен на сијалиците. Пред да ги ставите сијалиците, офарбајте ја цевката во боја по избор. Ставете ги сијалиците и повлечете кабли и се што останува е да ги споите каблите на електрична мрежа и да ја закачите лампата на ѕид.
Погледнете го видеото кое ќе ви го покаже начинот на работа.




Коментари

коментари