Направил експеримент и глумел на Инстаграм дека е богат. За 7 секунди собрал 1.000 лакови!

Инстаграм може да биде прекрасно место, полно со преубави слики, креативни видеа и пресмешни монтажи. За жал, Инстаграм исто така честопати умее да биде и доста мрачно место, на кое реалноста се меша со фантазијата и каде што никогаш не знаете дали фотографиите кои ги гледате се од нечиј реален живот, или само прецизно изрежирана претстава за да се добијат повеќе лајкови. Младиот јутјубер од Лондон, Бајрон Дентон тоа најдобро го покажал преку својот експеримент, чии резултати покажале многу за времето во кое живееме.

Бајрон решил една недела на својот Инстаграм, кој моментално го следат околу 70.000 луѓе, да споделува фотографии на кои глуми дека е богат. Како успеал во тоа? Многу едноставно, со малку креативност и многу фотошоп. Така успеал да се слика како седи на посакуваното седиште со списание во рака и ја променил сликата да изгледа како да е во приватен авион. Сликата за седум секунди собрала 1.000 лајкови, што е далеку повеќе од лајковите на неговите претходни слики.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by byron (@tbhbyron) on


За да провери како луѓето реагираат на дизајнерски облеки и генерално скапи брендови, Бајрон се сликал пред Луи Витон и потоа во Фотошоп додал ќеси во своите раце од овој бренд. Сликата собрала преку 8.000 лајкови, што е неколку пати повеќе од оние што инаку го собира за било која слика. Истото сценарио било и со останатите слики: селфито на кое носи брендиран каиш има 13.000 лајкови, иако и пред тоа имал слична слика само без дизајнерскиот каиш.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by byron (@tbhbyron) on


Бајрон на крајот од експериментот бил изненаден од резултатите, а сите оние кои го гледале неговото видео сфатиле колку Инстаграм може да даде лажна претстава за животот на човекот.




Коментари

коментари