Категории

Нашата Андријана Грковска денес настапува на Европското првенство во спортско стрелаштво за лица со оштетен слух

Нашата Андријана Грковска денес ќе ја претставува нашата земја на Европското првенство во спортско стрелаштво за лица со оштетен слух кое се одржува во Москва, Русија.

Среќа се лицата како Андријана Грковска, кои иако се соочуваат со животни потешкотии, сепак наоѓаат сила и се упорни во тоа да бидат најдобри.

Андријана е олимпиец-знаменосец на Македонија, таа е со оштетен слух, но нејзиниот тренер вели дека таа е мирна и посветена, дисциплинирана и неуморно работи. Таа е вистинска гордост и инспирација. Таа е девојка која ја буди свеста кај народот дека посветеноста носи резултати, без разлика на пречките кои ви ги носи животот.

Покрај Андријана, своите вештини и техники денес ќе ги покажат и Нина Гуртовенко, Светлан Седмаков и Даниел Михајловиќ, тренерот Ванчо Каранфилов и претставникот од Спортската Федерација за глуви, Тони Русовски.

Им посакуваме многу среќа и пласман на највисоките позиции, покажувајќи уште еднаш дека силната волја и натпреварувачкиот дух можат да ги победат сите препреки.

Прегледи:
800
Објавено на:
14.09.2019