Категории

Нашата Анѓела Јакимовска на „Miss Earth“ на Филипините!

По 16 години пауза, Македонија повторно  беше претставувана на „Miss Earth“ на Филипините. Македонија повторно учествуваше на еден од најпрестижните избори за убавина на светот. Анѓела Јакимовска успеа да отпатува до Филипините и да ја претставува нашата земја во конкуренција со 86 држави.

Бев крунисана за Miss Earth Македонија 2022 во Босна и Херцеговина на регионалниот натпревар „Miss Balkana“. Голема благодарност до националниот директор Чедомир Стефановиќ којшто овозможи нашата земја да се пласира на овој престижен избор за убавина како и да естрадниот новинар Зоки Фаци којшто ми помогна во менаџирање на мојот перформанс во Манила, со оглед на тоа што најголемиот дел од обврските ги извржував самостојно. Не беше едноставно, но беше возможно и драго ми е што бевме дел од ваква манифестација. Македонија заслужува да се пласира на официајлните светски избори за убавина. – вели Анѓела

 

 

Прегледи:
469
Објавено на:
09.12.2022