Категории

Нашата планета е полна со чуда кои ќе ве воодушеват

Во време кога технологијата е се што не интересира и кога гледаме кон ѕвездите во потрага по други светови, не забележуваме многу од убавините на сопствениот дом, Земјата.

Пештерата “Reed Flute” во Гуејлина во Кина е природна варовничка пештера која е многу популарна меѓу туристите. Стара е околу 180 милиони години и името го добила по трските кои растат надвор од неа и од кои можат да се направат флути.

Данксија, што значи “розов облак”, е посебен вид на земјиште кое се формира од црвенкаст песок кој со тек на време ерозирал. Се наоѓа во геопаркот Гжангеу, на северозападот на Кина.

2

Езерото Хилер, кое се наоѓа на островот Мидл во Западна Австралија е солено езеро кое е многу впечатливо поради својата розова боја.

3

Големиот хидротермален извор во националниот парк Јелоустоун е опкружен со кафени, жолти и зелени цијанобактерии.

4

Сулфурното езеро во близина на езерото Натрон во Танзанија е исто така едно од природните убавини на нашата планета.

5

А, тука се и необичните камени формации во “Патеката на џиновите” во Антрима, на северот на Ирска.

6

Прегледи:
466
Објавено на:
12.01.2016