Категории

 Нашиот европски и светски шампион во кикбокс, Димитар Ѓорѓиев овој петок ќе се бори за европска титула

Нашиот повеќекратен светски и европски шампион во кикбокс, Димитар Ѓорѓиев, на 03.06.2022 година во Зворник, Босна, ќе се бори за европска титула во кикбокс.

Димитар Ѓорѓиев има освоено 8 медали на светски и европски првенства, од кои 5 златни, 1 сребрен и 2 бронзени медали. Во 2021 година го освои четвртото светско злато, после златата од светските првенства во 2011, 2013 и 2015 година. Во својата кариера Ѓорѓиев има и европска шампионска титула од ЕП 2018, а на ЕП 2012 го освои сребрениот медал. Има освоено повеќе од 30 златни медали на меѓународни купови, и е државен првак во две дисциплини од 2009 година.

Борбата за европската титула е уште еден подвиг со кој се афирмира македонскиот спорт и се покажува квалитетот на нашите спортисти, а со досегашниот успех Димитар Ѓорѓиев неминовно има оставено силен белег во кикбоксот во нашата држава и го има покажано својот квалитет на светско ниво.

Борбата која следи е во организацијана Arena Fight Night, а тој ќе се бори со Никола Дробњак, а истата ќе биде пренесувана во живо на каналот Arena Fight на 03.06.2022 година во 19:00 часот.

Прегледи:
161
Категории:
Спорт
Објавено на:
01.06.2022