НАШИОТ НАЈПЕРСПЕКТИВЕН ДИЏЕЈ СО НОВА МУЗИКА: KNOCKED ME DOWN – ХИТ КОЈ ЌЕ ГО ОДБЕЛЕЖИ ОВА ЛЕТО НА БАЛКАНОТ!

Македонскиот најперспективен диџеј и продуцент Галоски, издаде нов сингл со наслов “Knocked me down”- издание зад кое се потпишува CAT Music во соработка со реномираните Sony Music, што со сигурност е комбинација за нов летен хит!

Покрај домашните радио станици, “Knocked me down” ќе има и премиерно претставување низ радио станиците ширум Европа.

Сметан за едно од најбрзо растечките имиња на електронската сцена во Европа, последниве неколку години и тоа како се одлични за Галоски. Неговите изданија постојано може да ги слушнеме и најдеме низ плејлистите на глобалните денс музички икони како David Guetta, Martin Garrix, Hardwell, Dimitri Vegas & Like Mike, Steve Aoki, Afrojack, Nicky Romero, Diplo и многу други.

Дури и среде овие предизвикувачки времиња низ кои поминува светот, во неможност да продолжи со неговите настапи околу светот, нашиот диџеј и продуцент е доста продуктивен.

Имаше успешно издание на Spinnin Records на почетокот од месецов, а веќе денеска има новo издание кое и тоа како веруваме дека ќе биде нов хит кој ќе го одбележи ова лето на Балканот. Новата песна на Галоски можете да ја слушнете на следниов линк.




Коментари

[fbcomments]