Нашите пијанистки Мимоза Ќека и Јована Трајчева ќе настапат на музички фестивали во Париз и Рим

Пијанистките Мимоза Ќека и Јована Трајчева ќе настапат со пијано дуо рецитали на музички фестивали во  Париз, Франција и Рим, Италија. На 15-ти септември 2019 година ќе настапат на фестивалот Музички Недели во Париз, Франција, а на 19-ти септември 2019 година во Театро Марчело во склоп на реномираниот фестивал Concerti del Tempietto во Рим, Италија. На програмата се дела од Рахмањинов, Равел, Чајковски, Пјацола…

Мимоза Ќека (1994) пијано започнува да учи на петгодишна возраст, а основното и средното музичко образование го завршува во ДМБУЦ ,,Илија Николовски-Луј’. Дипломира (2015)  во класата на проф. Тодор Светиев и магистрира (2017) под менторство на проф. Лилија Зилберштајн.. Активно настапува одржувајќи целовечерни рецитали во рамки на фестивалите Златна лира, Нов културен  бран, Festival international de piano Jeunes TalentsФранција, Сиена летен Фестивал на класична музикаИталија, СолејФестивал на ФранкофонијатаБугарија, Интернационален фестивал Concerti del Tempietto во Театро Марчело Рим, Италија. Настапува и во состави, со ансамблот ConTempora, како и во рамки на Есенски музички свечености, Денови на македонска музика, Musica Viva. Посебно се издвојува нејзиниот настап со Симфонискиот оркестар на ФМУ-Скопје, под диригентство на маестро Саша Николовски Ѓумар со изведба на Концертот бр. 2 за пијано и оркестар од К. Сен-Санс. Во ноември 2018 година заедно со Јована Трајчева успешно го реализираат проектот ,,Есенска Бајка’’– Хуманитарен концерт за СОС Детско село Скопје. Мимоза Ќека е член на Сојузот на Музички Уметници на Македонија.

Јована Трајчева (1994)  своето музичко образование го започнува на 7 годишна возраст во ДМБУЦ ,,Илија Николовски-Луј’’. Дипломира (2015),  магистрира (2017) на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Нина Костова, на одделот по музичка интерпретација. Бележи успешни настапи и на фестивалите Охридско лето, Скопско лето, Денови на македонска музика, Musica Viva, Есенски музички свечености. Има одржано повеќе солистички рецитали во градови низ Р.Македонија- Скопје, Охрид, Тетово, како позначаен ќе се спомене и рециталот во црквата Св.Софија во Охрид 2017 година, а бележи настапи и натпревари и фестивали и надвор од Македонија- Рим, Ибица, Милано, како и во Cite des Arts во Париз. Настапува и со оркестарот на Македонската Филхармонија под диригентската палка на Ле Фи Фи. Заедно со Мимоза Ќека успешно го реализираат проектот ,,Есенска Бајка’’-Хуманитарен концерт за СОС Детско Село Скопје. Јована Трајчева е редовен учесник на семинарите на проф. Борис и Људмила Романови.

Париз:

http://www.lagv.org/en/all-events/374-piano-four-hands

Рим:

http://estateromana.comune.roma.it/appuntamento/mimoza-keka-jovana-trajcheva-pianoforte-quattro-mani-3794




Коментари

коментари