Настанот „Види музика, слушни слика, добиј книга“ се одложува за 23 јуни

Во Градскиот Парк во Скопје и оваа година ќе се одржи настанот „Види музика, слушни слика, добиј книга“  кој првично беше закажан за 18ти јуни, заради временските услови се одложува за наредниот вторник, 23ти јуни.

Настанот е организиран од Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар. Настанот е со почеток од 21 часот и ќе биде сочинет од музичкиот перформанс „БРОДВЕЈ ПОД ЅВЕЗДИТЕ“  со Македонска филхармонија  и  Сара Мејс, ликовен перформанс со Милан Андов и Стојан Ѓуриќ и воедно ќе може да добиете  еден од 20.000 примероци од книгата „ФИГУРИ“Јан Неруда.




Коментари

коментари