Категории

Настапот на Лејди Гага и Бредли Купер го одбележа доделувањето на Оскарите. Погледнете како звучеа! (ВИДЕО)

Лејди Гага доби Оскар за најдобра песна, а додека на сцената ја изведуваа познатата песна од филмот кој беше номиниран во категоријата за најдобар филм, „Ѕвездата е родена“ заедно со Бредли Купер, гледачите ги преплавија социјалните мрежи со многубројни коментари за овој спектакуларен настап. 

Лејди Гага вчеравечер за прв пат се појави на церемонијата на доделувањето на Оскарите откако се обелодени нејзиното прекинување на веридбата со избраникот Кристијан Карин.

Сето ова од публиката го гледаше и моделот Ирина Шајк со која Бредли има ќерка, која дојде на церемонијата како и неговата мајка, Глорија. За потсетување, неодамна американските медии објавија вест дека Гага раскинала со својот вереник и дека токму Бредли е „виновен“ за тоа.

 

Во продолжение, погледнете го настапот за кој најмногу се зборуваше на овогодинешното доделување на Оскарите!

https://www.youtube.com/watch?time_continue=225&v=cT0qWzsOLpg