Категории

Наставници споделуваат најзасрамувачки моменти кои им се случиле на работното место

Професијата наставник е дефинитивно една од најтешките професии која бара апсолутна посветеност и ангажман. И покрај тоа што оние кои се занимаваат со оваа професија, на почетокот на својата кариера се свесни за предизвиците кои таа ги носи, не успеваат да предвидат дека таа всушност носи многу забава, и верувале или не понекогаш носи доста непријатни ситуации во кои се наоѓаат наставниците.

„Кога за прв пат се вработив како наставничка, одвојував значително време на својот изглед секое утро пред да тргнам на работа. Но еднаш се случи да задоцнам и немав време да ја направам својата вообичаена рутина кога е во прашање шминката, па наместо во мојот добар познат ритуал кој вклучуваше пополнување на веѓите, маскара и сенка, ставив само кармин мислеќи дека барем така ќе изгледам по пристојно. Се додека еден од моите првоодделенци не ме запраша дали сум болна. Јас со насмевка му одговорив дека се чувствувам одлично, и го прашав зошто го помислил тоа а тој одговори „Но немаш веѓи“, не знаев како да одговорам на тоа прашање затоа што навистина изгледав како да немам веѓи.“

„Учениците се оние чии погледи им се постојано вперени во нас. Тие забележуваат се околу нашиот изглед, како изгледаме тој ден, како се однесуваме, дали постои промена во нашето однесување, а ние постојано сме под притисок да останеме доследни на нас и нашата професија и се трудиме да не правиме грешки, но постојат и такви денови кога едноставно ништо не ни оди од рака а тоа учениците го забележуваат“ – открива еден наставник вработен во средно училиште.

Тие се отворија и ги споделија своите најзасрамувачки искуства кои ги имале во текот на својата работа.

„Само што се враќав од паузата за ручек и се упатував кон училницата кога слушнав громогласно смеење, една од моите ученички низ смеа ми рече „Господите Вилијамс, имате огромна дупка на вашите панталони позади“ Никогаш не сум се почувствувал толку усрамено, брзо се вратив дома и се пресоблеков па побрзав назад кон училиштето да стигнам на часовите кои ги имав тој ден.“

„Во тој период доев, па додека предавав моите гради станаа преполни и излегоа надвор од градникот. Среќа никој од учениците не виде, или барем се надевам дека не видоа.“ – споделува една наставничка во градинка

„Додека одржувавме претстава со другите наставници, јас танцував и играв пред учениците и родителите, се додека еден од моите колеги не ми проговори: „Шерон, твојата коса“ во истиот миг забележав дека периката ми паднала на подот. Низ насмевка и танцување ја подигнав и истрчав во бањата. Подоцна успеав да го соберам сиот аплауз.“

„Порачав фустан преку интернет кој го облеков за на работа, врз мене ставив и јакна. Додека чекорев низ ходникот до мојата канцеларија забележав дека учениците ме гледаат чудно. Потоа сфатив дека всушност фустанот бил прозирен и се гледала мојата долна облека. Брзо се покрив со јакната и отидов да се преслечам.“

Прегледи:
341
Објавено на:
03.09.2019