Категории

Националните паркови не се само заштнита за одредени видови на жив свет, туку и многу повеќе од тоа

Националните паркови се безбедни места за заштитени видови на жив свет, но една анализа на Rice универзитетот откри дека тие се многу повеќе од тоа.

Во студијата објавена во научниот весник Biotropica, еколозите од Rice и дата научниците Daniel Gorczynski и Lydia Beaudrot користеле илјадници камери и ги набљудувале дождовните шуми во национален парк во Коста Рика.

Costa Rica's Frogs Play Key Role in Climate Change ...

Во конзервацијата на дивиот свет, диверзитет значи колку различни видови има во еден екосистем. Но, еколозите го истражуваат и функционалниот диверзитет, варијацијата во карактеристики како големина на тело, исхрана и репродуктивна стапка. Диверзитетот на карактеристики може да се мери независно од диверзитетот меѓу видови, и може да даде дополнителни информации за целовкупното здравје на еден екосистем.

Во студијата, научниците анализирале 4200 фотографии од цицачи во паркот, фотографирани од 2007 до 2014, и пронашле дека диверзитетот на карактеристики во паркот не се намалил, иако се случило обесшумување кое ги фрагментирало шумите на повеќе од пола од околните приватни земјишта.

Why you will absolutely love Costa Rica’s rainy season

Претходните студии во другите места покажувале дека диверзитетот на карактеристики е посензитивен на човечките штети, отколку диверзитетот на видови. Ова се охрабрувачки резултати, бидејќи значи дека националните паркови се порезистентни на околински, човекови фактори, отколку што претходно се сметало.

Ова е област на истражување каде што поподробните истражувања можат да направат навистина голема разлика во зачувување на биодиверзитетот, заштита на шумите и шумските подрачја и екологијата, генерално.

Прегледи:
560
Објавено на:
10.09.2020