Научете да се ставате СЕБЕСИ на прво место

Ако не се научите да се грижите и како да се усреќувате самите себеси, никогаш нема да бидете задоволни во животот.

Најглупавото нешто што можете да го очекувате е некој друг да дојде и да ве усреќи. Поради тоа треба секогаш себеси да се ставате на првот место. Не жртрвувајте ја сопствената среќа.
Придржувајте се кон следните правила и ќе избегнете трошење време на луѓе кои ве депримираат и не ве ценат доволно, а ќе ви се отворат и нови можности за поврзување со некој кој ќе знае да го извлече најдоброто од вас.

Правило бр. 1
Прв пат кога ќе се почувствувате лошо поради некого, шутнете го. Зошто би си трошеле време на некој кој ја уништува вашта самодоверба? Вербалното злоставување е еднакво како и физичкото. Лошиот збор е тежок и боли еднакво како и шамар.

Правило бр. 2
Никогаш не се обидувајте да бидите она што н сте. Ако некој не е среќен со вас поради тоа какви што сте, тогаш очигледно дека тој не ви е суден. Треба да пронајдете некој кој од вас ќе го извлече она најдоброто, и нема да ве обликува спрема своите критериуми.

Правило бр. 3
Ако крши ветувања, тогаш тој не е вреден. Очигледно е дека не сте му доволно важни и не се грижи за тоа што мислите и чувствувате, за да се труди да го одржи својот збор.

Правило бр. 4
Ако некому се доволни ситиници за да замине од вас, да се налути и да се оддалечи, тоа знали дека големите нешта кои ќе ги направите за него нема да имаат никаква корист. Не ви е потребен некој кој бега од првиот „облак“, замислете што би се случило кога ќе дојде вистинската „бура“.

Правило бр. 5
Ако некој постојано ве споредува со некој друг кој можеби има подобра работа, повеќе пријатели, изгледа подобро од вас, тогаш е вистинско време да го испратите на „таа адреса“. Не ви е потребен никој кој постојано ќе ја уништува вашата самодоверба, и своите фрустрации ќе ги префрлува на вас. Поддршката е најважна и никој не станал она што е преку ноќ. Личноста која е постојано незадоволна може да ве влече само надолу од успехот.




Коментари

коментари