Категории

Научете како да стекнете емоционална отпорност

Кога луѓето се соочуваат со тешкотиите во животот, секој реагира поинаку. Некој се соочува со голема емоционална вознемиреност, додека некој многу поспокојно ги поднесува нештата. Важната линија, која може да ни помогне во соочувањето со проблемите, е т.н. емоционална отпорност. Никој не е роден емотивната отпорност, но истата може да се развие, а ова се неколку начини кои можат да ни помогнат во тоа.

Бирајте го друштвото. Старата изрека вели – “со кого си, таков си “. Ако се дружите со луѓе кои се креативни и позитивни, несвесно, на некој начин, ќе ги имитирате. За ова важи и обратната логика, ако сте опкружени со луѓе кои постојано бараат изговори и грешки, веројатно и вие ќе ги стекнете таквите навики со текот на времето.

Не плашете се од грешки. Ова е многу важно, бидејќи тој што не греши не може ни да успее. Поточно, оној кој се плаши да не згреши, најверојатно ќе се блокира сам себе и нема да превземе ништо. Ако направите грешка, важно е веднаш да ја препознаете и да ја избегнете истата.

Откријте го вашиот повик. За да станете емотивно поотпорни, обидете се да пронајдете нешто длабоко во себе, како животен повик. Ова може да ви даде дополнителна надеж и сила.

Обидете се објективно да ги гледате работите. Кога се соочувате со проблемите секогаш обидувајте се да ги гледате објективно, а не лично.

Прегледи:
374
Објавено на:
19.12.2018