Научи дека сѐ можеш сама – А мажот е само бонус

Да не се даваш себеси значи да се почитуваш себеси како жена и како човек и да заминеш од лошиот однос во кој се наоѓаш. Да не се даваш себеси не значи дека е срамота нешто да зготвиш, или некому да му зготвиш. Затоа што ако е попаметно животот да го поминуваме во туѓи кревети отколку во кујната и во својот кревет, во што е тогаш целта на постоењето?

Сега кога се можеме самите, менуваме сијалици, бојадисуваме, стегнуваме штрафови во домот, менуваме гума на автомобилот, носиме намирници од продавница, што ни фали? Постои нешто диво во секоја од нас што се штитиме и пред да сме нападнати. Тој маж во нас толку гордо не штити, а некогаш не сме ни свесни од што.

Можеби од нашиот страв. од стравот на некого да му припаѓаме. Нашите баби и мајки биле воспитувани да бидат послушни, да бидат покорни, да бидат домаќинки, да го чуваат семејството и мажот, а тие нас не воспитале да бидеме свои, да не се предаваме, да не прифаќаме ништо помалце од почитта.

Тоа ним им фалело многу повеќе од љубовта. Почитувањето. Некои мајки не им објасниле на своите ќерки што всушност сакаат да кажат со таа реченица, па тоа ќерките го сфатиле како: „Не сум луда да се омажам, па да чистам, перам, готвам, средувам и на сето тоа да трпам некого!“

Да не се даваш себеси значи да се почитуваш себеси како жена и како човек и да заминеш од лошиот однос во кој се наоѓаш. Да не се даваш себеси не значи дека е срамота нешто да зготвиш, или некому да му зготвиш. Затоа што ако е попаметно животот да го поминуваме во туѓи кревети отколку во кујната и во својот кревет, во што е тогаш целта на постоењето?

Ако сите одлучиме да имаме некого а да не му припаѓаме, кого тогаш ние ќе го советуваме и за што? Со кои вредности? Љубовта е почитување. Почитувањето води до разбирање и толеранција и правење компромиси, никако трпење нечиј карактер, вербална или физичка пресметка.

Човек мора постојано да работи на себеси за да би дошол во ситуација конфликтот да го решава по мирен пат, да ја согледа ситуацијата од сите агли, пред да пресуди. Ако имаме доволно трпение и почитување за себе, ќе го имаме и за оној кој „не“ ни треба, затоа што се можеме самите.

Прекрасно е тоа што можеме, но кога ќе се заврши нашиот „машко-женски“ ден, потребен ни е некој кој ќе не праша „Како беше денес? Дали си уморна?“ Природата го бара своето и колку некои да се спротивставуваат. Не сме родени да живееме сами. Нашето друго јас ја бара таа идеална половина. Ја бара за да ја подели тагата, да ја удвои среќата, ја бара за успешен ден и мирен сон.

Љубовта е полесна кога ќе се подели и урамнотежи, па во тие денови кога ти се чини дека не можеш и дека ти е доста од се, тогаш ти е потребно рамо кое ќе го прифати малку од твојот терет. Потребни ти се раце да те прегрнат и молк во кој се е кажано без зборови. Немаш повеќе страв, безгрижна си, затоа што знаеш дека некому му припаѓаш, толку тешка а сепак без никакви услови си негова.. Знаеш дека имаш почит, љубов и мир.

 




Коментари

[fbcomments]