Научниците имаат сознание од кој родител децата ја наследуваат интелигенцијата

Група истражувачи од Глазгов откриле дека децата во најголема мера интелигенцијата ја наследуваат од мајката. Гените на таткото можеби дури и немаат никакво влијание врз интелигенцијата на детето.

Истражувањата се вршени врз генетски модифицирани глувци. Глувците кои имале повеќе гени од мајката развиле поголем мозок, отколку оние со повеќе гени од таткото. Лабораториските студии на генетски модифицирани глувци откриле дека оние со поголемо количество на гени од мајката развиле поголеми глави и мозоци, но помали тела. Додека другите, имале помали мозоци а поголеми тела.

Утврдено е дека не влијаат само гените врз интелигенцијата, туку и опкружувањето во кое детето расте. Улогата на мајката е многу важна за развојот на детето и блискоста помеѓу нив. Децата кои имале мајки кои им овозможувале љубов и внимание се развиваат во поинтелигентни личности од децата кои се емотивно оддалечени од мајките.

Стабилната врска со мајката на децата им овозможува сигурност и самодоверба. Лошите односи со мајката на децата им носат стрес и недостаток од верба и сопствена способност.

 




Коментари

коментари