Категории

Научниците ја открија причината за појавата на нови соеви на коронавирусот

Нов вид на коронавирус што се појави во Велика Британија кон крајот на минатата година претставуваше шок за научниците од многу причини. Прво, затоа што вакцината само понуди надеж дека на пандемијата може да и дојде крајот, а потоа затоа што се покажа дека новите соеви се заразни од претходните варијанти на вирусот, што резултираше со зголемување на хоспитализирани пациенти, пишува Њујорк Тајмс.

И, што можеби најмногу ги изненадило научниците: Тој навидум собрал голема „констелација на мутации“ преку ноќ. Имено, наместо вообичаените две мутации месечно, оваа варијанта на коронавирус Б.1.1.7, собра 23 мутации, од кои 17 се развија одеднаш. Научниците тврдат дека постои само една точна претпоставка за тоа како се случило тоа; во еден момент вирусот веројатно заразил лице со слаб имунолошки систем, што му овозможило да остане во телото со месеци и да се развива таму пред да се пренесе на друго лице.

„Тоа е најверојатното објаснување“, вели д-р Равиндра Гупта, вирусолог од универзитетот Кембриџ.

„Ако ова е вистина, првите во редовите за вакцинирање треба да бидат луѓе со оштетен имунитет, како што се пациенти со карцином“ – изјави д-р Адам Лоринг, вирусолог и инфектолог од Универзитетот во Мичиген. Колку побрзо се заштити оваа група на луѓе, толку е помал ризикот нивните тела да станат инкубатори за некои мутанти кои ќе го загрозат светот.

„Сепак, не е толку едноставно“, рече Лоринг, објаснувајќи дека кај такви пациенти е можно вакцината да не „работи“, од истата причина што тие не развиле имунолошки одговор на вирусот. Кај повеќето луѓе, активната инфекција трае околу седум дена, што не е доволно време за мутација. Сепак, неколку студии покажаа дека кај некои лица со имунитет, вирусот може да преживее повеќе од осум месеци. Затоа, многу е важно да се заштитат ваквите пациенти од изложеност на коронавирус.

„Одржувањето на низок број на заразени лица исто така ќе го намали бројот на заразени лица со слаб имунитет, што ќе резултира со помали шанси за развој на нови соеви“, рече д-р Катрина Литго, еволутивен биолог на Универзитетот во Оксфорд. – Мораме да се вакцинираме, да се држиме на дистанца, да носиме маски. Сето ова е многу важно за да се запре ширењето на вирусот, заклучи Пол Дупрекс, раководител на центарот за истражување вакцини на Универзитетот во Питсбург.

Прегледи:
247
Објавено на:
05.04.2021