Научниците предупредуваат: Еве што ни се случува во организмот кога спиеме 8 часа дневно

Долготрајниот сон го подобрува нашето здравје затоа што спиењето има ефект во намалување на стресот, крвниот притисок и холестеролот.

Долгиот и квалитетен сон не е луксуз, туку потреба на телото, како што покажува и неодамна спроведеното истражување во САД. Недостаток на сон може сериозно да го наруши нашето ментално, физичко и емоционално здравје, а една студија покажува дека дури 40 проценти од Американците не спијат доволно. Еве неколку позитивни ефекти на организмот кои ги има осумчасовното спиење.

Во сонот ги обработуваме информациите што сме ги слушнале претходниот ден, поради што нашето тело и ум по осум часа спиење, наутро ќе бидат во подобра состојба. Ова се однесува како на научени – ментални, така и на физички вештини.

Ако добро спиеме нашата фокусираност и способност за решавање проблеми ќе биде на највисоко ниво и ќе ни биде полесно да ја одржуваме посакуваната тежина. Имено, за време на спиењето го собираме хормонот лептин, кој му кажува на нашето тело дека сме сити и дека не ни треба повеќе храна. Кога не сме наспани, овој хормон е нерамнотежен, поради што чувствуваме постојана потреба да јадеме.

Долготрајниот сон го подобрува нашето здравје затоа што спиењето има ефект на намалување на стресот, крвниот притисок и холестеролот. Од друга страна, лошиот сон и ненаспаноста можат да доведат до разни кардиоваскуларни заболувања.

Редовниот и добар сон го намалува ризикот од дијабетес, но и од обична настинка – за време на спиењето, телото се опоравува, а имунолошкиот систем тогаш најефикасно се бори со бактериите. И нашата кожа ќе изгледа подобро бидејќи се обновува за време на спиењето.

Ќе бидеме побезбедни возачи на автомобили затоа што студијата покажа дека ненаспаните луѓе зад воланот се однесуваат како оние под дејство на алкохол. Ќе имаме подобра рамнотежа и координација при движењето, што ќе нè заштити од разни телесни повреди.

 

Мартин М. | Среќа.мк




Коментари

коментари