Научниците велат дека кафето не треба да се пие наутро: Еве кога е вистинско време за кафе!

Научниците велат дека никако не треба да пиете кафе кога ќе станете. Најдобро време за првата шолја кафе е најмалку еден час по станувањето од спиење.

Кортизолот, хормонот кој помага при будењето е на највисоко ниво откако ќе се разбудите, па тогаш не треба да се пие кафе бидејќи на тој начин на телото му говорите да произведува помалку. На тој начин, влијанието од кофеинот го намалува кортизолот и ви се чини дека ви е потребна што поголема количина за да се разбудите.

Ако консумирате кафе повеќе пати дневно, треба да водите сметка за другите два периоди во денот кога лачењето на кортизол го достигнува врвот, а тоа е периодот помеѓу 12 и 13 часот и помеѓу 17.30 и 18.30 часот.




Коментари

коментари