Научно докажано – градинарството Ве прави посреќни

Градинарството е едно од оние хобија кое ако еднаш се почне, не може да се престане. Тоа станува зависност. Не само тоа, но испаѓа дека е една од ретките здрави зависности. Ова научно истражување  објавено во  Landscape and Urban Planning истражува како грижата за растенија може позитивно да влијае врз вашето расположение.

Во студијата, која сеодвивала пред пандемијата, се испрашале 370 различни луѓе кои живееле во Минеаполис. Прашањата биле поврзани со нивната емоционална состојба и среќа низ денот. 118 од 370 се занимавале со домашно градинарство. Овие домашни градинари имале високи нивоа на среќа, кога градинарството се „мерело“ во споредба со другите домашни активности. Најголемо било нивото на среќа кај градинарите на зеленчук.

Авторите објаснуваат дека градинарството е единствена активност во оваа студија каде што жените и лицата со низок приход покажале повисоки нивоа на среќа отколку мажите и лицата со висок приход. Овие маргинализирани групи често живеат во „хранливи пустини“ – места каде што нема природно многу храна, и овие градини им помагаат да си го нахранат семејството со здрава храна. Подигувањето на урбани градинарства е еден од начините на кои што луѓе се имаат приклучено кон  климатски активизам.

Многу други студии ја поддржуваат оваа студија. На пример, докажано е дека директното сончево зрачење ги подигнува нивоата на серотонин кај луѓето. Физичката активност, која, исто така, е неопходна при градинарење, е исто така поврзана со лачење на среќни хормони.




Коментари

[fbcomments]