Научно докажано: Со пилатес жените полесно ја поднесуваат бременоста и породувањето!

Промените низ кои поминува телото во текот на деветте месеци бременост не се мали и жените полесно ќе ги пребродат доколку останат физички активни. Но, не се сите вежби за трудници, некои треба строго за се избегнуваат. Постојат многу причини за вежбање во бременоста – ги олеснува болките во грбот, ја спречува појавата на грчеви, собирањето вода во телото, гестациски дијабетес, а истовремено овозможува подобар сон, циркулација и контрола на тежината.

Трудниците кои вежбаат се во подобра форма за породување како и опоравување на телото по бременоста. Истражувањата покажале дека доколку жената вежба во текот на првото и второто тримесечие, во поголемиот дел од случаите спречува предвремено породување, а траењето на породувањето е пократко и ретко кога се потребни интервенции. Токму затоа, професионалниот тим на инструктори во PowerHouse Pilates ќе ви овозможи да продолжите со своите тренинзи и во текот на бременоста, прилагодувајќи ги вежбите на вашата состојба, а придобивките ќе ги почувствувате на вашето тело за краток период и во текот на породувањето.

Избегнувајте напор

Во текот на бременоста некои спортови треба да се избегнуваат. Тоа се најчесто контактните спортови како велосипедизам, скијање, јавање, скијање на вода како и секој спорт во кој доаѓа до преголемо зголемување на пулсот, каде што телото интензивно се поти и каде што заморот е толку голем што останувате без здив.

Инструкторите ќе ја прилагодат јачината на вежбите

Интензитетот на вежбањето треба да се модифицира и прилагодува во зависност од бременоста, а важно е да се оди на редовни контроли и докторот да биде запознат со сите активности. По породувањето, треба да се причека до првиот гинеколошки преглед бидејќи телото е чувствително и склоно кон повреди.

Доколку е сѐ во ред, жената може да продолжи со своите физички активности следејќи ги советите на вашите инструкторки во PowerHouse Pilates , како и адекватната исхрана, течности, постепеното и умерено губење на килограми, а телото да добива доволно одмор и сон за дневните потреби кои ги носи мајчинството.

Здраво срце со пилатес 

Пилатесот, јогата, шетањето и пливањето се најдобрите активности за трудниците. Јогата ги ублажува трудничките тегоби и стресот, пилатесот ги зајакнува мускулите, грбот и стомакот, а пливањето ја поттикнува работата на сите мускули. Токму поради сите овие факти, породувањето на жената која ги практикува овие активности во текот на бременоста е многу полесно.

Со вежбањето пилатес за време на бременоста не само што ќе го подобрите своето здравје и ќе се подготвите на вистински начин за породувањето, туку истовремено се грижите за правилниот развој на вашето дете кое сѐ уште расте во вас. Закажете го вашиот термин кај најдобрите на полето на пилатесот и јогата – PowerHouse Pilates и имајте лесна бременост исполнета со активности!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on




Коментари

коментари