Науката докажала дека чувањето внуци го продолжува животот на бабите и дедовците!

Повеќе од нас имаат прекрасни спомени од детството поминати со нашите баби и дедовци. Тие беа секогаш покрај нас да ја споделат нивната мудрост со нас и да ни дадат многу прегратки и бакнежи. Тие денови никогаш нема да избледат. Но, одлична вест е тоа дека и бабите и дедовците имаат многу придобивки од дружењето со внуците.

Според една студија, бабите и дедовците кои ги чуваат своите внуци имаат 37% помал ризик од смрт од оние без обврски во староста.

Ова истражување ја покажува поврзаноста помеѓу грижењето и долговечноста. Можната причина за тоа може да се побара во минатото. Грижењето за децата тогаш значело начин на опстанок на човековиот вид.

Според овие истражувања може да се заклучи дека и децата и бабите и дедовците имаат придобивки за својот развој и здравје доколку имаат близок контакт. Но, важно е да се напомене дека бабите и дедовците треба да имаат волја да ги чуваат внуците. Инаку, ефектот би бил сосема поинаков и би резултирал со стрес.




Коментари

коментари