Науката вели, ако жената ги поседува овие квалитети, потруди се да ја задржиш!

Секој од нас доаѓа во период од животот кога наоѓањето партнер за цел живот е поважна одлука од забава и викенд романси. Научниците ги проучувале квалитетите кои треба да ги бараат мажите кај жените со кои сакаат да го поминат остатокот од животот. Погледнете подолу за што станува збор.

Попаметна е од тебе

Секогаш е добро да имате некој кој што ќе ви биде предизвик на интелектуално ниво, но истражувањата покажале дека интелигентниот партнер може да биде многу повеќе од тоа, може да ве заштити од деменција по постари години.

Таа е искрена

Оваа карактеристика воопшто не е изненадувачка. Искреноста е основа на секоја силна врска. И истражувањата докажале дека секој маж сака да има искрена жена покрај него кога станува збор за врска на долги стази.

Таа се смее на вашите шеги

Голем дел од врската е сличната смисла за хумор. Кога знаеме дека сме му забавни на партнерот (дека се смее на нашите шеги) се чувствуваме самоуверено и позитивно во однос на врската. Но, истражувањата покажале дека ова особено им е значајно на мажите.

Има отворено срце

Истражувањата покажале дека жените кои се отворени, кои покажуваат љубов и не ги кријат своите чувства се попривлечни.

Има добар однос со своите родители

Честопати се вели дека доколку сакате да видите како ќе изгледа вашиот партнер за 30 години, погледнете ги неговите родители. Исто така и истражувањата покажуваат дека добриот однос со родителите може многу да укаже за вашиот добар однос во иднина.




Коментари

коментари