Категории

Науката вели – оној кој има сестра е подобра и пољубезна личност

Најскапоценото нешто – сестра!

Во еден миг се расправате околу нејзините чевли, а веќе во следниот миг сте најдобри пријателки.  Ако имате сестра, доба практично имате два ормари со облека а сега е научно докажано дека и всушност сте подобра и пољубезна личност.
До овој заклучот дојдоа стручњаците од универзитетот Brigham Young откривајќи дека сестрите помагаат во развојот на добрите друштвени способности – комуникација, пронаоѓање компромиси и добри преговарачки вештини.

Главниот истражувач, професор Алекс Џенсен истакнува дека присуството на сестрата во животот на една личност го ублажува чувството на осаменост, непочитување, вина, самосвест и страв. Но, не само тоа..

Сочувствување и слога
„Она што го знаеме сугерира дека сестрите играат голема улога во поттикнувањето на позитивното ментално здравје“, рекол Џенсен, додавајќи дека сестрите се задолжени за семејството да биде посложно подоцна во животот, затоа што тие се трудат да одржат контакт и блискост. Тоа е едноставно во нивната природа, да бидат сочувствителни и великодушни.

Позитивен исход
Научникот Лаура Падиља Валкер во ова истражување истакнува дека караниците со сестрата поминуваат подобро од оние со братот, затоа што во моментот на расправија знаат подобро да ги контролираат своите емоции. Истражувањето покажува дека мажите кои пораснале со сестра се подобри преговарачи, и се подобри во комуникацијата со женските припаднички.

Истражувачите изјавија дека овие резултати воопшто не ги зачудија затоа што девојките генерално покажуваат многу поотворена семејна комуникација и позитивна поддршка, што неминовно води до здрава средина помеѓу членовите на семејството.

Да живеат сестрите!

Прегледи:
204
Објавено на:
27.10.2019