Навика која навидум изгледа безопасна, но сериозно му штети на организмот

Избегнувањето на друштвени контакти може да биде лошо за здравјето

Осаменоста го зголемува ризикот за предвремена смрт за 26 посто, покажа студијата спроведена на универзитетот Brigham Young, објавува магазинот Perspectives and Psychological Science.

Друштвената изолација и недостигот на друштвени врски го зголемува тој ризик, поради што стручњаците сметаат дека осаменоста може да биде еднакво штетна по човечкото здравје како и пушењето цигари.

Истражувачите направија разлика помеѓу личност која се чувствува осамено, и оние кои немаат контакт со надворешниот свет. Студијата покажа дека во ризичните групи спаѓаат оние кои се сами но се чувствуваат среќни, како и поединци кои имаат многу друштвени контакти но се чувствуваат осамени.

Стручњаците тврдат дека технологијата влијае врз фактот што се повеќе луѓе во светот живеат во друштвена изолација и остваруваат се помалку контакти лице во лице. Од друга страна, истражувањата покажаа дека остварувањете на пријателски и романтични врски го намалува стресот, го подобрува имунитетот и му дава смисла за животот.




Коментари

[fbcomments]