Категории

Навики кои докажуваат дека сте работохолик

Работохолик е термин со кој се означува личноста на која ниедна врска не и е толку важна колку врската со работата.

Балансирањето помеѓу приватниот и деловниот живот не само што е голем предизвик туку и нешто во кое ретко кој успева. Понекогаш е потребно да посветите повеќе време на работата но претераното работење се смета за пореметување.

Секоја врска бара одредено внимание, а за да ги одржиме живи мораме да ги негуваме. Работохолик е термин со кој се означува личноста на која ниедна врска не и е толку важна колку врската со работата.

Тој никогаш нема да ја жртвува работата поради љубовта или семејството, дури во екстремни ситуации како смрт, венчавка, роденден или годишнина.
Работохолизмот станува врска која се натпреварува со останатите врски.

Ова се само некои од предупредувачките знаци на работохолизмот:

-Работата ве усреќува повеќе од било што друго

-Спиењето и слободното време ви делуваат како губење на време

-Често поради деловните обврски знаете да си го скратите одморот

-Во мислите постојано барате најдобри решенија за деловните проблеми, дури и надвор од работното место.

-Вашиот дом е вашата втора канцеларија

-Вие сте доста предадени на работата, во канцеларијата сте секогаш натпреварувачки расположени.

-Секогаш со себе го носите неопходниот дел од опремата, не е важно каде одите, дури и на одмор.

-Верувате дека ако би имале втора шанса да ја изберете вашата професија повторно, би го избрале истото.

-Пријателите ретко ве бараат, а кога ќе ве повикаат мислите „Како некој може толку да размислува за небитни нешта, зарем мисли дека јас немам ништо попаметно да правам?“

-Немате многу вистински пријатели. Тие кои ги имате сте ги запознале на работното место или во вашиот живот постојано се појавуваат нови особи, се задржуваат некое време и заминуваат.

-Понекогаш ве боли главата, очите од напрегање, ве боли грбот и сл.

Прегледи:
664
Објавено на:
11.07.2020