Навики кои ги практикувате но сериозно и штетат на вашата кожа

Не е доволно тоа да купувате квалитетни креми и шминка за вашата кожа да биде здрава и блескава. Секако, таквите нешта можат значајно да помогнат но за почеток ослободете се од овие навики кои вашата кожа ја прават чувствителна и и штетат.

СУНЧАЊЕ БЕЗ ЗАШТИТЕН ФАКТОР
Убаво е да се има потемнет тен, но сунчањето без заштитни креми може да ви создаде многу повеќе штета отколку што ќе имате корист. Особено е важно да го заштитите вашето лице секој пат кога излегувате од дома. Задолжително нанесувајте крем со минимален фактор spf +50.

ПРЕМНОГУ ЧЕСТО МЕНУВАЊЕ НА КРЕМИ
Стручњаците велат дека не можете веднаш да препознаете дали одредена крема или пудра е за вас. Голем број квалитетни креми делуваат длабински така што нивното делување нема да биде видливо по само една или две недели користење. Посоветувајте се со дерматолог и препорачаната крема користете ја подолг временски период.

ДОПИРАЊЕ НА ЛИЦЕТО СО ДЛАНКИТЕ
Бактериите кои ги пренесувате со рацете можат да создадат голема штета на вашата кожа на лицето. Почнувајќи од акни и алергии. Допирајте го лицето само со чисти дланки.

НЕ ЈА ВАДИТЕ ШМИНКАТА ПРЕД СПИЕЊЕ
Ова е големо НЕ. Никако немојте да легнувате со шминка на вашето лице, не само што следното утро можете да се разбудите со затнати пори кои ќе предизвикаат акни и митесери, исто така тоа го поттикнува предвременото стареење на кожата.

ИГНОРИРАЊЕ НА БЕМКИТЕ
Редовно контролирајте ги бемките за да спречите проблеми кои можат да ви ги предизвикаат.

РЕТКО МЕНУВАЊЕ НА ПЕШКИРИТЕ И ПОСТЕЛНИНАТА
Пешкирите и постелнината задржуваат бактерии кои и штетат на вашата кожа. Секој ден користете нов пешкир за бришење лице а постелнината менувајте ја барем еднаш неделно.




Коментари

[fbcomments]