Навики кои можат да ви помогнат да губите 500 калории секој ден

Пролета е период кога многумина започнуваат со диети со цел да ја имаат посакуваната форма на тело за време на летото. Некои се одлучуваат за брзи диети кои можеби ќе ги намалат килограмите, но влијаат негативно на организмот и најверојатно ќе се појави и јо-јо ефектот. Според советот на нутриционистите, единствен начин трајно да се намалат килограмите е да се избегнуваат популарните брзи диети.

Правилната диета е таа во која ќе губите 500 калории дневно. Умерениот режим на исхрана нема да му пречи на организмот, а килограмите ќе се намалуваат. Препорачаниот внес на калории е 2 200 дневно. Ако се одземат тие 500, остануваат 1 700-1 800 калории кои можат да се конзумираат во разновидни оброци, но умерено.

Овие трикови ќе ви помогнат да намалите 500 калории во текот на денот:

  • Не брзајте додека јадете

Според нутриционистите, потребно е да одвоите најмалку 20 минути за својот оброк. На тој начин метаболизмот најдобро се стимулира. Освен стимулацијата на метаболизмот, ќе имате доволно време да препознаете кога сте навистина сити и ќе го избегнете прејадувањето.

  • Уживајте  во храната

Многумина од нас не размислуваат за изборот кој го прават во исхраната, а ни за големината на порцијата. А, токму тоа доведува до прејадување и вишок на килограми. Затоа, потребно е да размислите што и колку јадете. Во исто време, уживајте во храната која ја конзумирате.

  • Нека ви биде од помош нутритивниот семафор

Внимавајте што, а не колку јадете. Така ќе си помогнете себе си да го постигнете енергетскиот баланс, затоа што во зависност од своите потреби го создавате дневното мени внимавајќи при тоа на калориите и нивото на активност, а воедно уживате во храната без одрекнување. Следниот пат кога ќе одите во продавница, погледнете го „нутритивниот семафор“ кој ви покажува не само колку калории има намирницата, туку и колку масти, шеќери и протеини содржи.

  • Не се одрекувајте од одредена храна

Ако сте одлучиле да бидете умерени во внесувањето на шеќери на дневно ниво, обичните шеќери заменете ги со нискокалорични. Ако не можете без десерт, својот мафин направете го со помош на некалориски засладувач, а ако сакате со ручекот да се напиете чаша Кока-Кола, можете да ја замените со Кока-Кола Зеро која не содржи калории.

  • Сонот е важен

Високото ниво на стрес многу брзо ги ослободува кочниците кога се работи за изборот на храна, а и за нејзината количина. Кога ќе се искомбинира стресот со недостатокот на сон делува поразително за добрата фигура на телото. Наместо да се вратите на прејадувањето, обидете се да се наспиете добро, затоа што квалитетниот сон е клучен за добрата линија.




Коментари

[fbcomments]