Категории

Навики за како да го разубавите Вашето утро, а и целиот Ваш ден

Алармот ѕвони, Вие полека и поспано ги отворате Вашите очи. Нов ден е пред Вас, ден полн со можности, а Вие не знаете од каде да почнете. Започнете со работи коишто ќе Ве направат подобра личност.

Прочитајте ги следниве навики со коишто секое ново утро ќе се претвора во нешто величествено, а Вие ќе уживате беспрекорно во текот на целиот ден:

  • Набавете си нотес и ставете го што поблиску до Вашиот кревет, тоа да биде првата работа што ќе ја видите во утрото. Отворете го нотесот и запишајте:

       „Денес ќе се обидам да чувствувам среќа“. Прочитајте го повеќе пати се додека оваа реченица не се врежи во Вашиот мозок.

  • Потсетете се кои се Вашите приоритети во животот и придржувајте се кон нив.
  • Наместо да гледате или да читатате негативни вести уште од самото утро, прочитајте нешто инспиративно.
  • Започнете го Вашиот ден со Вашата најважна задача. Така ќе се чувствувате многу поубаво и ќе преминете и на останатите задачи.
Прегледи:
333
Објавено на:
20.01.2023