Навистина личи на нејзината мајка: Конечно знаеме како изгледа ќерката на Моника Белучи! (ФОТО)

Моника Белучи важи за една од најубавите жени во светот и оваа титула ја носи со децении. Поради тоа, многумина се прашуваа дали нејзината ќерка Дева ја наследила нејзината убавина.

Со обзир на тоа дека Дева последен пат во јавноста е видена кога имала само 14 години, сега е откриено дали личи на Моника.

Имено, постарата ќерка на Моника Белучи и Винсент Касел фотографирана е на одмор со својот татко и папараците ја искористиле можноста да направат повеќе фотографии од прекрасната млада девојка.

За потсетување, Моника и Винсент биле во брак од 1999. до 2013. година. Причината за разводот остана непозната за јавноста, а актерот во една прилика изјавил дека невозможно е мажот да биде верен на една жена доколку е раздвоен од неа.

Некогашните сопружници максимално се трудат да ја заштитат приватноста на своите деца, а покрај Дева ја имаат и 8-годишната ќерка Леона.




Коментари

коментари