Навивач го изведе најдоброто бегство во историјата, редарите се фрлаа во празно (ВИДЕО)

Зенит го доби саботното дерби со Спартак Москва со убедливи 5:2, но покрај одличната голеада во Санкт Петербург, во изминативе неколку часа вистински хит и атракција на социјалните мрежи е еден гостински фан кој извел незаборавен слалом на „Петровски“ стадионот.

Навивачот на Спартак приредил незаборавна забава на трибината каде се наоѓале гостинските фанови, а тоа може да се заклучи од следното видео на кое се гледа неговото епско бегство од обезбедувањето и полицијата на стадионот.

Храбриот фан успеа да ги направи смешни редарите и полицајците кои се најдоа пред трибината, а посебно комичен е моментот кога двајца од нив ќе се удрат и ќе паднат како покосени по неверојатното бегство на младото момче.

https://www.youtube.com/watch?v=DgyaWwzeI1M

 




Коментари

коментари