Не барајте интереси, развивајте ги!

Колку пати сте слушнале совет дека треба да ја најдете вашата “страст” или она што ве интересира? Иако луѓето не мислат ништо лошо кога ќе ви го кажат тоа, тие всушност ви даваат лош совет.

Обидување да се откријат интересите, како тие веќе да постојат, не функционира на тој начин. Зошто? Верувањето дека нешто е “фиксирано”, однапред обликувано и предодредено може да нѐ оттргне од негувањето на интересите кои допрва треба да се развијат и да созреат.

Напредокот е синтеза на различни области. Верувањето дека нечиј интерес е фиксен може да го спречи истражувањето на другите области. Напредокот во науката и бизнисот често се случува кога луѓето ќе ги спојат различните области, кога помеѓу овие две области се забележуваат нови меѓусебни врски.

Доколку сте премногу посветени на една област тоа може да ве спречи да ги развивате интересите и знаењата кои ви се потребни за интегрирање на различни области. На луѓето понекогаш им е предизвик да ги следат своите интереси, но прифаќањето на теоријата на растот ќе создаде можност за одржување на интересите, дури и кога стануваат тешки или предизвикувачки.

Поради оваа луѓето треба да се советуваат да ги развијат своите интереси, а не само да ги пронајдат (како иситите да чекаат да бидат откриени), бидејќи разликата меѓу активните процеси и пасивните пристапи е значајна.




Коментари

коментари