Не барајте изговори за вашиот неуспех – барајте причини за успех!

Ќе биде бавно и ќе е потребно големо трпение. Но малце по малце секојдневно ќе бидеме се подалеку од тоа што сме биле претходно.

Секој од нас знае што е она кое би го направило нашиот живот подобар, но сепак одбираме да ја одложуваме промената, ден по ден, без некои особени причини.

Бараме мали изговори и така и се криеме и оставаме животот да не води како да сме бескомпасен брод кој плови.
Потоа со тек на време пронаоѓаме изговори за нашите неуспеси, а длабоко во себе знаеме дека причината за тоа биле сите тие изговори и пропуштени можности.

А вистината е таа дека секогаш постои вистински момент кога можеме да ставиме крај на бегството, секогаш постои можност да се закотвиме и да решиме да испловиме во вистинската насока.
Ќе биде бавно и ќе е потребно големо трпение. Но малце по малце секојдневно ќе бидеме се подалеку од тоа што сме биле претходно.




Коментари

[fbcomments]