Не бидете Црвенкапа: Прочитајте 10 интересни факти за волкот кои сигурно не сте ги знаеле!

До почетокот на развитокот на земјоделството и сочарството, волкот бил најраспространетата ѕверка на земјата. Бил распространет во цела Европа и Азија сѐ до северна Африка како и северна Америка. Во Источна Европа, на Балканот, во Канада, Сибир, Монголија и во помала мера во Иран уште постојат поголеми популации на волци. Инаку, може да ги сретнете само во малите меѓусебно изолирани заедници кои опфаќаат и помалку од 100 животни. 

1. Очите на волкот се сини се до осум месеци кога се менуваат во жолти.

2. Волците се митарат. Тоа се случува кога температурата е топла и немаат потреба од дебело крзно (оттаму е дојдена и поговорката волкот го менува своетo крзно, но не и навиката).

3. Гладен волк може да изеде до 9 кг месо во еден оброк.

4. Волците живеат, патуваат и ловат во глутница-просечно околу 7-8 волци.

5. Мажјакот и женката се заедно цел живот.

6. Со стареењето на волкот, крзното на врвот на опашката,челото и носот станува бело.

7. Тие се одлични пливачи.

8. Волците можат да достигнат брзина од 56км/час за краток период. Инаку просечно се движат со брзина од 8 км/час.

9. Возрасен волк има 42 заби.

10. Може да преживеат подолго од една недела без храна.




Коментари

коментари