Категории

Не брзајте, во животот ништо не е трка – Сите во еден миг во животот мораме да застанеме и одмориме

Понекогаш треба само добо да размислите околу ситуацијата во која се наоѓате, но често е потребно и повеќе од тоа. Кога ќе изгубиме контрола врз сопствениот живот, чувството на тага или тегоби го окупира нашето срце и ум. Тогаш нештата почнуваат да стануваат комплицирани.

Приказната раскажува дека пред многу, многу години еден човек се осмелил да оди во најопасниот и најнепристапниот дел од Африка.
Го следеле локални водичи. Сите биле наоружани а тоа им овозможувало да се пробиваат низ џунглата. Единственото нешто кое им било важно е тоа да го продолжат својот пат по секоја цена.
Ако на нивниот пат би се појавила река, би ја преминале најбрзо што можат. Ако би дошле до рид, би ги забрзале чекорите со цел да не изгубат нити минута. Но одеднаш водичите одлучиле да застанат.
Патувањето траело само неколку часа, па патникот одеднаш запрашал:
„Зошто застанавте? Дали сте уморни?“
Еден од водичите го погледнал и рекол: „Не е во тоа работата. Ние одиме премногу брзо, останавме без душа. Треба да почекаме да не стигнат.“

Сите во еден миг во животот мораме да застанеме и одмориме. Да почекаме нашата душа да не стигне.
Тоа е она чувство кога ќе стигнеме во ќорсокак, кога ќе сфатиме дека сме заглавиле во рутина..

Почекајте душата да ви се врати.
Понекогаш треба само добо да размислите околу ситуацијата во која се наоѓате, но често е потребно и повеќе од тоа. Кога ќе изгубиме контрола врз сопствениот живот, чувството на тага или тегоби го окупира нашето срце и ум. Тогаш нештата почнуваат да стануваат комплицирани.

Кога ќе се најдете во ваква ситуација потребно е да го направите следното:
Застанете. Ако премногу брзате во животот, тоа ве спречува да уживате во него, не ви дозволува вашата душа да оди чекор со вас.
Најдобро е да пронајдете некој мирен миг (најдобро на крајот од денот) и да се посветите на себеси, затоа што вие го заслужувате тоа.

Опуштете се и запрашајте се: Каков ми беше денот?
Обрнете внимание на своите мисли и чувства. Сетете се на нешто за кое сте размислувале тој ден, што сте чувствувале кога сте комуницирале со другите луѓе.

Мирот е совршена награда за овој мал секојдневен напор.

Прегледи:
213
Објавено на:
09.09.2020