Категории

Не чекај лошите навики да пуштат корени во твојата душа, затоа што тие ќе превземат контрола врз тебе

Еден богат човек имал син единец. Во желба неговиот син да израсне во чесен човек побарал од еден мудрец да разговара со неговиот син и да го упати во животот.
Стариот мудрец прифатил и го понел младичот во прошетка за да разговараат. Шетале така низ градината кога стариот мудрец застанал и го замолил младичот да искорне една млада билка покрај патот.
Младичот ја зел билката со леснотија и направил се што му рекол човекот. Продолжите да шетаат кога старецот повторно застанал и го замолил младичот да искорне уште една билка, овој пат малку поголема. Младичот и овој пат ја извлекол билката заедно со коренот, без мака.

„Искорни ја сега онаа грмушка таму“ – рече старецот. Овој пат тоа не одело лесно, но после очигледниот напор, младичот повторно успеал.

„Искорни го и она стебло“ – покажал мудрецот кон стеблото кое растело покрај патот по кој чекореле.

„Тоа е невозможно!“ – рекол младичот, а мудрецот потврдно го погледнал и рекол: „Така е и со лошите навики. Кога си млад, лесно е да ги искорениш, но кога ќе остариш и кога лошите навики ќе пуштат корени, тешко е да ги искорениш. Затоа не чекај лошите навики да пуштат корени во твојата душа, напушти ги додека сеуште имаш контрола над нив или тие ќе превземат контрола над тебе.“

Прегледи:
659
Објавено на:
16.12.2020