Не дозволувај другите да ти „лепат“ цена – Ти си непроценлив!

Не плаши се да им ги покажеш на другите твоите граници и до каде смеат да одат, тоа е најдобриот пат да ги научиш другите да те почитуваат онака како што ти се почитуваш себеси.

Немој да дозволиш некој да ги замагли твоите очи со ситни поклони, буќет цвеќе, бомбоњера или нешто слично, само овој ден. Имај храброст секој ден да бараш од другите да ја ценат твојата вредност, да го почитуваат твоето достоинство, да се држат до твоето мислење и да ги потценуваат твоите чувства.

Имај храброст да гледаш на себеси како на единствена личност која е поразлична од другите и која не може и не треба да се вклопува таму каде што другите сакаат да ја стават. Барајќи да бидеш почитувана ќе покажеш дека веруваш во себеси и во она што го носиш во себеси, и нема да му дозволиш на секого да ја гази твојата вредност онака како што му одговара на неговите интереси. Не плаши се да им ги покажеш на другите твоите граници и до каде смеат да одат, тоа е најдобриот пат да ги научиш другите да те почитуваат онака како што ти се почитуваш себеси.

Нека овој ден те потсети на вредноста која секогаш ја носиш во себе. Ако си поминал низ најразлични навреди и понижувања тоа не значи дека твојата вредност се смалила, не значи дека и другите мораат да продолжат по тој пат по кој порано оделе некои луѓе кои немале душа. Имај сила секогаш да се спротивставиш на тоа искушение и дадеш отпор, не плаши се да чекориш сам по патот и кога ја немаш поддршката на другите.
Оние кои те ценат и сакаат секогаш ќе бидат покрај тебе без оглед на се.




Коментари

[fbcomments]