Не дозволувајте да ја убијат човечноста во вас луѓето кои ја немаат

Не дозволувајте на влијаат на вас, да ве повредат, обесхрабрат или разочараат затоа што вие сте слободни онолк колку што е силна човечноста во вас

Не дозволувајте да ве заробат со желбата за одмазда и да почнете да размислувате дека мирот доаѓа дури кога ќе им вратите со еднаква мера. Тогаш нема мир, тогаш доаѓа само непрекинато размислување, како да се израмнат сметките и борба која нема крај.
Не дозволувајте во вас да ја убијат човечноста луѓето кои ви се обраќаат само кога имаат некој интерес од вас. Имате можност да се издигнете над таквите и да бидете свесни дека вашата добрина не мора да биде извор на вашата слабост, туку извор на вашата сила.
Не дозволувајте во вас да ја убиваат човечноста луѓе кои се сметаат поголеми од вас, па вие да се обидувате на сите начини да се искачувате за да станете повисоки од нив, оставете ги нека се капат во своето его до оној миг кога во него ќе започнат да се дават.

Не дозволувајте да ја убијат човечноста во вас луѓето кои немаат свои цели и на кои единствена цел им е да се плеткаат во туѓите животи и да ги полнат со негативност.
Задржете го својот ведар дух и покрај паразитите кои ве опкружуваат и направете граница, достоинствено и спокојно.
Секој пат кога ќе влезете во ринг со таквите, не очекувајте убав продолжеток на вашиот животен пат. Дргнете се од патот кој ве спојува со нив и продолжете по вашиот сопствен кој ги следи само вашите цели и вашата среќа. Нека ви се придружува на него само тој кој верува во вас и сака да ве поддржи во се што правите. Задржете ја човечноста, мирот и среќата се наоѓаат само во неа, и никаде на друго место!




Коментари

[fbcomments]