Не дозволувајте да ве излажат: Еве како да разликувате природен од вештачки мед

Пазарот за продажба на мед е преплавен со лажни производи кои се прават од шеќерен и пченкарен сируп, адитиви и бои, додека во продавниците се продава индустриски мед.

Сакале да признаеме или не, ни високата цена не гарантира дека медот е со врвен квалитет, бидејќи тоа што е скап не мора да значи дека при правењето пчеларот не направил измама. Стручњаците од оваа област откриваат неколку едноставни методи за откривање на лажен мед.

 

  • Протријте малку мед помеѓу прстите. Ако се лепи на прсти, значи дека содржи шеќер или некој друг вештачки засладувач. Природниот мед не е леплив.
  • Ставете неколку капки мед на лист или марамче. На вистинскиот мед ќе му биде потребно многу време за да продре низ хартијата бидејќи не содржи вода.
  • Наполнете чаша вода и додадете во неа лажичка мед. Природниот мед ќе падне на дното и ќе остане компактен, додека вештачкиот ќе почне да се разредува.
  • Намачкајте мед на парче леб. Природниот мед ќе го стврдне лебот за неколку минути, додека вештачкиот ќе го навлажни поради водата која ја содржи.
  • Пред да го проголтате вистинскиот мед ќе почувствувате боцкање во устата.
  • Вистинскиот мед со тек на време ќе се искристализира, додека вештачкиот ќе остане мазен.

 




Коментари

коментари