Чек дис аут
Search


Не дозволувајте да ве измами совршениот облик: Како да разликуваме домашни од увезени јагоди?

Мај е месецот кога ова овошје е застапено на пазарите и во супермаркетите. Меѓутоа, кога ќе ги купиме забележуваме дека повеќето немаат ни вкус ни мирис, поради што помислуваме „од каде се увезени“?

Најчесто доаѓаат од Шпанија, Грција и Турција. Увезените јагоди пристигнуваат малку порано од домашните, а препродаваите најчесто ги препакуваат и ги продаваат лажно, тврдејќи дека се одгледувани кај нас. Поради тоа се наметнува прашањето: како да препознаете увезени јагоди?

Да не живеете во заблуда, и домашните јагоди се третирани со пестициди за да се заштитат од штетници и што подолго да останат свежи, но сепак од увезените најмногу се разликуваат по мирисот и вкусот. Домашните јагоди имаат интензивен, препознатлив мирис и се послатки и посочни од увезените. Исто така, тие немаат ит вкус на сите страни бидејќи сончевите зраци не влијаат врз нив рамномерно додека созрејуваат.

Освен тоа, домашните јагоди можеме да ги препознаеме и по обликот. Ретко кога се сите иста големина и боја. Бргу скапуваат бидејќи се третирани со многу помало количество на пестициди од увезените, кои за да стигнат свежи, дополнително се третираат. Уште една работа која ги разликува од увезените е горниот зелен дел – на домашните е секогаш бледо-зелен, а таков е затоа што се неодамна обрани и полни се со ситни семки.

Свежите се најдобри

Јагодите се покорисни ако стојат пократко, бидејќи витаминот Ц и антиоксидансите се губат со стоење. Запомнете, најздрави се оние јагоди кои се свежо набрани.

На малите деца треба внимателно да им ги давате, бидејќи постои можност од несакана реакција или алергија, која обично не ја предизвикува самото овошје, туку пестицидите и сличните средства со кои се прскани. Затоа пред консумирањето треба добро да ги измиете.




Коментари

коментари