Не дозволувајте зимата да влијае врз вашите килограми! Размрдајте се со PowerHouse Pilates! (ВИДЕО)

Прочитавте „пилатес вежби“ и веднаш ги замисливте оние со голема топка? Или замисливте истегнување на телото кое трае еден час, без никакви резултати? Воопшто не сте во право! Топката која ја замислувате не е оригинален пилатес реквизит, туку е наменета за „fitball“ часовите. А кога станува збор за ефектот од часовите, пилатесот е дисциплина која го дефинира целото тело подеднакво, а со правилна исхрана губењето на килограми доаѓа само по себе.

Пилатесот е осмислен како концепт за рехабилитација на пациентот. Неговиот творец, Џозеф Пилатес, сметал дека главни виновници за лошото здравје во модерниот начин за живот се: премногу време поминато седејќи, лошо држење, неадекватно дишење. И потполно е во право. Тој од мал имал здравствени проблеми кои сакал да ги реши со вежбање.


Пилатес вежбите ги соединуваат елементите преку контролирани движења, концентрација, зајакнување на моќта во мускулите од средишниот дел на телото (абдомен, долниот дел од грбот, колковите, бутовите, карлицата и задникот) кои влијаат директно врз кичмата, прецизноста, флуидноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on


Пилатесот како единствен систем на вежбање моментално е една од најпопуларните методи за обликување на телото, но и за зајакнување на силата и подобрување на флексибилноста и држењето на телото. За да ве размрдаме и мотивираме во овие студени денови, покажувајќи дека зимата не е изговор за зголемување на килограмите, погледнете како изгледа еден час на најпрофесионалното пилатес студио кај нас, PowerHouse Pilates.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on


Инструкторките изведувајќи најразлични вежби ќе ве натераат да им се придружите и да си направите услуга себеси и на своето здравје. Покрај сите бенефити, забавата е загарантирана. Уверете се во овие две видеа!




Коментари

коментари